Кошарка
24. February 2019 - 14:56

Хјустон го добри дербито со Голден Стејт

 
 
Екипата на Хјустон го добри Голден Стејт во дербито на вечерта одиграно во НБА лигата. 
 
„Ракетите“ иако настапија без својот најдобар играч, Џејмс Харден славеа триумф над шампионот со 118-112. 
 
Најзаслужни за оваа победа на Хјустон беа, Ерик Гордон со 25, Крис Пол со 23 и 17 асистенции, како и Кевин Фарид со 20 поени. 
 
Кај Голден Стејт најефикасни беа Кевин Дирант со 29 и  Стеф Кари со 23 поени. 
 
 
Изненадување приреди Сакраменто кој со 119-116 се радуваше на триумф кај Оклахома. 
 
На „Тандерси“ не им помогна ниту дабл-дабл учинокоците на Расел Вестбрук со 41 поени и 10 скокови, како и Пол Џорџ кој овојпат постигна скромни за него 14 поени, а имаше и 13 скокови.