Loading Video...
Кошарка
8. January 2019 - 10:55

Хјустон го доби дербито против Денвер

 
 
Од осумте одиграни натпревари во НБА лигата го издвојуваме дуелот во Хјустон, каде „Ракетите“ предводени од својата прва ѕвезда Џејмс Харден го совладаа Денвер со 125-113. Дербито на вечерта, го одбележаа двајца играчи, кои средбата ја завршија со дабл-дабл учинок. Кај домаќините Џејмс Харден запиша 32 поени и 14 асистенции, а на спротивната страна Никола Јокиќ имаше улинок од 24 поени и 13 скока.  И покрај поразот Денвер останува лидер во Западната конференција пред Голден Стејт, Оклахома и Хјустон кој е на 4.место.
 
 
Лејкерси ја прекинаа низата од три порази и тоа со победата на гости кај Далас со 107-97. Најзаслужен за овој триумф на „Езерџиите“ беше Брендан Инграм со 29 поени, додека кај Далас одново се истакна Словенецот, Лука Дончиќ со 27 поени.
 
 
На останатите натпревари беа постигнати овие резултати: 
 
Бостон-Бруклин 116-95, Милвоки-Јута 114-102, Детроит-Сан Антонио 107-119, Њу Орлеанс-Мемфис 114-95, Сакраменто-Орландо 111-95 и Портланд-Њујорк 111-101,