Џет-Сет
15. February 2017 - 17:40

Хју Џекман повторно боледува од рак

Австалискиот актер Хју Џекман откри дека повторно се бори против ракот на кожата.

Џекман на социјалните мрежи објави своја фотографија од болница, под која напиша дека „ракот повторно се вратил“.

- Уште еден рак на базните клетки. Благодарение на редовните прегледи и неверојатните лекари, се е во ред. Изгледа полошо отколку што е, се колнам, напиша Џекман, порачувајќи им на своите следбеници да користат крема за сончање.

Актерот се лекуваше од рак на кожата најмалку четири пати од 2013 година. Сепак, и покрај тоа Логан не престана со работа и настапи во третото продолжение на „Икс-Мен“, кое премиерно ќе биде прикажано во март.

Тој настапува и во биографскиот мјузикл „Најголемиот шоумен на светот“, кој во кината се очекува кон крајот на оваа година.