Живот
6. April 2021 - 11:05

Хит-видео: Куче ѝ го украде микрофонот на репортерката

Видео од временската прогноза за Москва, на една руска телевизија стана интернет-хит, откако куче влета во кадарот и ѝ го украде микрофонот на репортерката. Тоа го пренесоа повеќе руски и светски медиуми.

Преносот во живо на руската „Мир ТВ“, на Надежда Серјожкина, беше прекинат од еден златен ретривер којшто, просто, скокна врз неа, ѝ го тргна микрофонот од раката и избега… Новинарката залудно му довикнуваше „застани“ и „дојди овде“, додека песот бегаше на мостот во близина, објави на Твитер снимателот Димитри Лотовскиј.