Живот
7. January 2019 - 21:05

Хит: Бабушка тргна да го бакнува Путин во уста, едвај се одбрани - оваа снимка го насмеа целиот свет

На интернет повторно се појави снимка која го прикажува рускиот претседател Владимир Путин како се обидува да се одбрани од една баба.

Поради својата комичност, снимката повторно се прошири на социјалнтие мрежи. Имено, старицата толку е воодушевена што го гледа Путин што сакала да го бакнува, но можеби и малку претера.

Судејќи според реакцијата на Путин, изгледа не му годеше многу нејзиното помалаку непримерно однесување.

Бабата во еден момент тргна да го бакне во уста, па претседателот на Русија мораше да ја сврти главата и на фин начин да ја одбие.