Балкан
27. October 2016 - 8:28

Хисени: Во септември шестмина Косовци се приклучиле на ИД

Веста на медиумите дека неколку косовски државјани заминале на воените жаришта во Сирија и Ирак ја потврди и косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени.

Тој, како што пренесува порталот Албеу, потврди дека по една година „одмор“ граѓани од Косово повторно почнале да заминуваат за Сирија и Ирак.

- Од крајот на месец септември имаме шест случаи кои таму заминале по различни патишта. Зборуваме за бројки, регистрирани случаи, бидејќи никогаш не ја отфламе можноста некој радикализиран да најде и трети патишта, изјави Хисени.

Според него произлегува дека околу 70 граѓани од Косово се наоѓаат во конфликтните зони во Сирија и Ирак, додека од 2013 година косовската полиција отворила истрага за над 200 лица. Уапсени се 119, а осудени се 35 лица за поврзаност со терористички групи.

Официјалната статистика потврдува дека животот на боиштата во Сирија и Ирак го загубиле шеесеттина косовски граѓани, но неофицијално бројката е над 70.