Хисени: Во септември шестмина Косовци се приклучиле на ИД
Веста на медиумите дека неколку косовски државјани заминале на воените жаришта во Сирија и Ирак ја потврди и косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени.
Тој, како што пренесува порталот Албеу, потврди дека по една година „одмор“ граѓани од Косово повторно почнале да заминуваат за Сирија и Ирак.
- Од крајот на месец септември имаме шест случаи кои таму заминале по различни патишта. Зборуваме за бројки, регистрирани случаи, бидејќи никогаш не ја отфламе можноста некој радикализиран да најде и трети патишта, изјави Хисени.
Според него произлегува дека околу 70 граѓани од Косово се наоѓаат во конфликтните зони во Сирија и Ирак, додека од 2013 година косовската полиција отворила истрага за над 200 лица. Уапсени се 119, а осудени се 35 лица за поврзаност со терористички групи.
Официјалната статистика потврдува дека животот на боиштата во Сирија и Ирак го загубиле шеесеттина косовски граѓани, но неофицијално бројката е над 70.
Ново на Сител
-
Пратениците расправаа за именување на член на РКЕ
-
Скопјанец нападнат и ограбен од четири лица
-
Рашковски оди во притвор
-
Кривична за 26-годишен радовишанец кој силувал малолетничка
-
47 починати и 627 нови случаи на КОВИД-19 во земјава
-
Путин: Русија ќе ги брани своите интереси во рамките на меѓународното право
-
Заев и Царовска на ПМФ: Стратегија на Владата е повеќе пари за наставно-научниот кадар
-
Албанија: Расте незадоволството од воведениот карантин за лицата кои влегуваат во земјата од Македонија и Грција