Балкан
13. September 2017 - 12:37

Хирургот можеби не пукал во актерката: Трагите со барут ќе откријат што навистина се случило ноќта кога Срѓан се самоубил

Трагите со барут ќе откријат што навистина се случилo помеѓу угледниот хирург од ВМА Срѓан Цветановиќ (59) и актерката Ивана Панзаловиќ (30) во станот на улицата Коста Рацин на Дедиње.

Утврдено е дека и двајцата во моментот на крвавата пресметка, 7. септември околу 4.30, имале алкохол во крвта.

Актерката е единствен жив сведок на оваа драма. Нејзиниот исказ е од големо значење за утврдување на вистината, но целата слика ќе биде потполно јасна кога ќе се заврши вештачењето. За расплет на драмата потребна е скица од лице место, полициски записник од увидот, фото-документација, обдукционен налог за повредите на покојниот доктор, извештај од лекар за ранетата актерка, балистички наод и изјава на актерката - наведува извор од истрагата.

Балистичкото вештачење треба да покаже кој пукал и од кое растојание.

Најважна е парафинската ракафица, бидејќи таа открива кој пукал. Ако хирургот пукал, на неговите раце морале да останат честички од барут. Се проверува дали актерката имала траги од барутни честички на рацете, без разлика на нејзиното тврдење дека лекарот у пукал во главата, а веднаш потоа извршил самоубиство.

Врската помеѓу актерката полна со емоции, трагично завршила во станот на Дедиње во кој заедно живееле околу шест месеци.

Според првите сознанија од истрагата, Ивана на полицијата кажала дека Срѓан пукал кон нејзе по расправија, а потоа извршил самоубиство.

Пред зградата во која се одиграла драмата можело да се забележат скршен вентилатор, лустер и чаши кои љубовниците ги фрлале низ прозор, додека крв имало насекаде.