Живот
4. October 2018 - 11:23

Хирург оперираше дете и неговото мече: Ме молеше да му го средам миленичето, како можев да кажам не!

Канадски хирург, иако без искуство во тоа поле од медицината изврши експериментална операција и тоа „на живо“, без анестезија - на плишано мече. 
 
Докторот Даниел Мекнил никогаш не правел ваква операција, но се согласил на барањето од сопоственикот на мечето. 
 
Осумгодишниот Џексон Мек морал да оди на операција, па од докторот барал да ја оперира и неговата играчка. 
 
- Пациентот ме праша дали можам да го средам и неговото мече пред да добие анестезија... Како можев да кажам не?, навел Мекил на Твитер каде споделил и фотографија од операцијата. 
 
Се добро заврши и со двата пациента и успешно се опоравуваат, вели докторот.
 
Видеото стана вистински хит на Интернет со многу позитивни коментари за докторот.