Loading Video...
Спорт плус
12. January 2019 - 16:38

Хиршер ја оствари 66-та победа во Светскиот куп

Австриецот, Марсел Хиршер е победник на велеслаломската трка од Светскиот куп одржана во Аделбоден. 
 
Благодарение на одличниот настап во второто возење, а со севкупното време 2: 26.54 минути Хиршер заврши пред Норвежанецот, Хенрик Кристоферсен, за дури 71.стотинка побрзо. 
 
Трето место му припадна на Французинот, Томас Фанара со заостанување од 1 секунда и 4 стотинки.
 
Ова беше Хиршерова беше 66-та победата во кариерата во Светскиот куп, а сега има точно 20 помалку од рекордот на Швеѓанецот, Ингемар Стенмарк.