Свет
11. August 2016 - 15:13

Хилари Клинтон: Трамп поттикнува на насилство

Демократскиот претседателски кандидат, Хилари Клинтон го обвини кандидатот на републиканците Доналд Трамп за потикување насилство, откако повика дека оние кои поседуваат оружје би можеле да ја спречат да победи и стане претседател на САД.

- Неговиот (на Трамп) повик носи со себе несогледливи последици, рече Клинтон, зборувајќи на еден предизборен митинг во сојузната дрѓава Ајова.

Најновата изјава на Трамп предизвика бранување во американаката политичка јавност.

Републиканскиот претседателски кандидат, во вторникот, во говор пред своите симпатизери во сојузната држава Северна Каролина, отворено порача дека „лугето од вториот амандман“ (на Уставот), а тоа се сопствениците на оружје, „може да дејствуваат против Клинтон“.

Трамп рече дека ако „таа (Клинтон) биде избрана за претседател, би можела во Врхвниот суд да постави либерални судии“ за што тој и конзервативните кругови во САД се спротивставуваат.

Медиумите во САД се согласија дека со ваквиот настап, Трамп потикнува насилство, но тој на Твитер напиша дека само сака да ги обедини сите оние кои се против забраната за поседување и носење оружје.