Живот
8. јуни 2016 - 16:36

ХЕРОЈ: Возач на автобус спасил човечки живот, па им се извинил на патниците зошто каснел

Возач на автобус го сопрел автобусот за да му помогне на човек кој се срушил покрај улица откако доживеал срцев удар.

Бери Смит ја возел својата редовна автобуска линија, кога поминал покрај човек што паднал на земја и ја удрил по што претрпел срцев удар, пишува Мирор.

36 годишниот Беру застанал и му пружил помош на лицето кое паднало и ја смирувал неговата жена. Како што вели тој рефлексно реагирал кога го видел 60 годишниот човек како лежи на земја.

Повикал Брза помош веднаш. Болничарите изјавиле дека токму реакцијата на возачот му го спасила животот на човекот.

Без разлика што во прашање бил јуначки потег, возачот на автобусот се извинил на сопственикот на компанијата и на патниците кои го чекале на следната станица, затоа што закаснил