Свет
15. April 2016 - 10:17

Херој: Извлечено бебе од урнатините од земјотресот во Јапонија

Страотно силен земјотрес ја погоди Јапонија, па во неколку последователни потреси загинаа девет лица, а повредени се околу 1.000. Многу жители останаа заробени во урнатините, а меѓу нив имало и деца. На видео снимката е прикажано спасување на осуммесечно бебе кое било заробено под урнатините на една зграда.

За среќа, спасителите реагирале на време и бебето е успешно извлечено од урнатините на една зграда во Јапонија.

На бебето прва помош му пружила екипата на Итната помош, по што е префрлена во локалната болница каде лекарите и ги санирале повредите.

Foto: Tanjug/AP/Kumamoto Prefectural Police

Засега не постојат индиции дека ќе следува цунами, но стотината потреси кои синоќа се случија во краток период предизвикаа голема материјална штета.

Foto: Tanjug/AP/Kumamoto Prefectural Police

Над 400 лица се сместени во болница.