Македонија
5. јуни 2017 - 9:27

Хероината од златните денови на Кометал Ѓорче Петров се радуваше со вардарци

Хероината од златните денови на Кометал Ѓорче Петров се израдува како некогаш кога беше на терените на денешната европска титула на ракометарите на Вардар. Популарната Инди влее]зе в терен и им честита на сите ракометари за подвигот.
 
Некогашниот незадржлив бек на нашата репрезентација во текот на целиот меч го бодреше тимот на Раул Гонзалез и точно по 15 години од победата на Кометал Ѓорче Петров, уште еднаш ракометна Македонија слави европска титула.
 
Голем број на пријатели на Вардар овој викенд допатуваа во Келн и не зажалија, бидејќи во живо го видов најголемиот успех на македонскиот спорт.