Хероина во униформа: Полицајка ја откопча кошулата и го надои напуштено бебе!
Колумбијска полицајка стана хероина откако го спаси животот на напуштено бебе во селото Санта Марта во близина на Тулуа.
Напуштеното новороденче го пронашла случајна минувачка која ја алармирала полицијата по што полицајката откако видела дека бебето е премногу слабо веднаш го надоила и така му го спасила животот.
Случајната минувачка која го пронашла бебето изјавила дека слушнала детски плач од завиткан тепих на плочник. Набргу стигнала и полицајката која забележала дека бебето страда од хипотермија, дека има неколку гребнатинки , дека е слабо и дека има несанирана папочна врвца.
По ова, хуманата олицајката веднаш се досетила и го надоила бебето, и тоа му дало сила, а според зборовите на докторите му го спасила животот.
„Хероината во униформа“, „Нејзиниот несебичен чин го спасил животот не бебето“, само се некои од насловите во локалните колумбиски весници.
Бебето било префрелно во болница каде било стоплено и гребнатинките му биле санирани
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација