Македонија
31. March 2017 - 22:16

Хероин пронајден во домот на кавадарчанец

Хероин бил пронајден завчера при претрес во дом на кавадарчанец, информираат попладнево за МИА од СВР Велес. 

- Во средата, по предходно добиени сознанија и повеќенеделно следење од страна на овластени службени лица од МВР, Основно јавно обвинителство – Велес издаде наредба да се изврши претрес во станот на М.А.(37) во Кавадарци, на бул.„Македонија“ бр.7/3-2, при што се пронајдени околу педесетина грама непозната прашкаста материја, соопштуваат од полицијата.

Во моментот на претресот во станот биле затекнати и лицата Р.А.(35), Е.М.(29) и Б.Б.(20), сите од Кавадарци, како купуваат паковки со предметната материја.

- По извршеното вештачење во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења во МВР утврдено е дека се работи за опојна дрога хероин, влат од полицијата.

Случајот е документиран и доставен до Основно јавно обвинителство Велес.