Македонија
6. February 2020 - 10:46

Хероин пронајден во домот на гостиварчанец

Вчера околу 13.20 часот на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Р.С.(56) од Гостивар, затоа што при претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, бил пронајден хероин. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а денеска ќе биде изведен пред судија на претходна постапка на Основниот суд Гостивар.