Македонија
26. September 2021 - 11:39

Хероин и крадени пари пронајдени кај две лица од Кочани

Ноќва (26.09.2021) околу 01.10 часот во близина на манастирчето во Кочани од страна на полициски службеници од ОВР Кочани биле лишени од слобода Ш.М.(32) и малолетник, и двајцата од Кочани, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени хероин и пари кои потекнуват од извршено кривично дело „кражба“.

По насока на Јавен обвинител од ОЈО Кочани, по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 215 и 216 од Кривичниот законик.