Хепенинг за подобар свет „Правиме добри дела и растеме заедно“
Во Градскиот парк денеска ќе се одржи хуманитарниот настан „Правиме добри дела и растеме заедно„ во организација на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea и невладината Аутизам МК.
Трета година Македонија е дел од најголемото глобално движење наречено Pay it Forward (Продолжи понатаму) кое се одбележува на 28 април. Истовремено април е месец посветен на подигнување на свеста за аутизмот како една состојба различна, но, сепак слична.
Настанот ќе биде со богата програма првенствено за најмладите, ќе учествуваат многу уметници, а околу сцената ќе има ликовна работилница, Театроск со живи статуи, пантомимичар и изложба на цртежи. Ќе има многу подароци за посетителите, а организаторите на овој настан праќаат единствена и уникатна порака за ширење на добрината, за прифаќање на различностите и емпатија меѓу луѓето.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација