Хелсиншки комитет: Децата да не се злоупотребуваат во политички активности
Хелсиншкиот комитет во земјава оценува дека во бројните реакции во јавноста предизвикани од најавената дигитализација и реформите што треба да го модернизираат образованието, очигледна е и инструментализацијата на ова прашање во политички цели. Апелира децата да бидат изземени од политички активности, зашто тоа е спротивно на сите меѓународни документи за нивна заштита.
Комитетот укажува дека децата се подложени на бројни манипулации, лажни вести и дезинформации, кои, како што наведува во реакција до медиумите, дополнително ја усложнуваат и онака сериозната состојба која ја наметна пандемијата со КОВИД-19 во однос на нивната едукација и секојдневното функционирање.
– Денешниот бојкот на наставата на средношколците очигледно е дел од таквите злоупотреби, што е потврдено и од страна на Сојузот на средношколци, кој посочува дека ова здружение не е организатор на бојкотот, туку тоа се одредени групи кои манипулираат со јавноста. Со загриженост констатираме дека во континуитет се случуваат активности, кои не само што не се во најдобар интерес на детето, туку претставуваат злоупотреба на децата поради политичко дејствување – нешто што е забрането со Законот за заштита на децата, Конвенцијата на ООН за правата на детето и Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба, соопшти Хелсиншкиот комитет.
Поради тоа, Комитетот ги повикува сите релевантни фактори во државата да ги изземат децата од своите политички активности, да преземат мерки за нивно точно и навремено информирање и на прво место да го стават интересот и добробитта на детето.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок