Свет
30. November 2017 - 9:51

Хелсет: Нато мора да ги брани Шведска и Финска во случај на напад

НАТО треба да ги брани Шведска и Финска во случај на оружена агресија иако тие земји не се членки на Алијансата, изјави висок официјален претставник на НАТО.

Ханс Хелсет, посебен советник во Центарот на НАТО за борба против војување во Норвешка, рече дека се посилните врски на двете држави со северноатланскиот сојуз ја зголемуваат опасноста за нив и поради тоа НАТО има морална обврска да им помогне ако бидат нападнати. 

- Тоа што не се членки го спушта прагот за оружена агресија против тие две држави. Според мене, НАТО мора да им помогне од морални и други причини, рече Хелсет на конференција за безбедност во Берлин.

Тој додаде дека двете земји се добродојдени во НАТО доколку одлучат да се приклучат на Сојузот.

Високи претставници на НАТО и неговите членки на дводневниот самит во Берлин разговараа за напорите да се изгради посилен систем за одвраќање од каква било воена агресија на Русија. 

Финска, Шведска, Данска, Норвешка и Исланд се договорија овој месец да ја зголемат одбранбената соработка и да разменат повеќе информации за воздушниот надзор, што е дел од пошироките напори за јакнење на одбраната со цел да одговори на руските активности