Живот
1. February 2020 - 9:36

Хеликоптерот на Коби Брајант не смеел да лета - лошата одлука однесе девет животи

Федералната управа за авијација на Соединетите Држави (ФАА) откри за време на истрагата за грозоморната несреќа во која загина Коби Брајант и осум други патници дека сопственикот на хеликоптерот Сикорски С-76Б не е овластен да лета по лоши времески услови и дека хеликоптерот воопшто не смеел да лета!

Иако пилотот Ара Зобајан имал лиценца за летање со помош на инструменти (ИФР) за такво летање, фирмата „Island Ekspres Helikopters“ не го поседувала истото.

Хеликоптерот што се сруши во Калифорнија смеел да лета само на Принципот за визуелен лет (ВФР), под услов видливоста да биде најмалку пет километри и облаци не пониски од 300 метри над земјата.

Но, видливоста во неделата била толку лоша, маглата била висока и влажноста на воздухот 100 проценти, така што полицијата на Лос Анџелес им наредила на сите нејзини хеликоптери да се приземјат.

На пилото Зобајн, контролата на летот му дала дозвола за лет по посебни услови на видливост (СВФР) иако условите во тој момент биле многу неповолни.

Фирмите кои се занимаваат со превоз на хеликоптери во Америка често имаат само еден пилот за да заштедат на трошоци. Само неколку клиенти загрижени за безбедноста барале дополнителен пилот, но Брајант тоа никогаш не го направил.

-Тоа е големо и брзо летало, иако како авион. Ако дојдете во такви услови, оптеретувањето може да биде преголемо за еден пилот-изваил Даг Солбрекен, пилот на истиот таков хеликоптер.

-Со дополнителен пилот имате помош. За тоа и овој хеликоптер е направен. Не можам да ви кажам колку пати летав како дополнителен пилот и морав да помоганм околу исправање на некои работи - рекол тој.

Лос Анџелес планира комеморација за починатиот кошаркар и неговата ќерка, но времето и местото сè уште не се официјално познати. Центарот „Стејплс“ располага со 20,000 луѓе и сигурно нема да може да ги смести сите заинтересирани, така што во Калифорнија сериозно размислуваат да ја пренесат церемонијата на стадионот „Меморијален колосеум“ од 80.000 жители.