Македонија
16. јуни 2016 - 13:25

„Хелас експрес“ ќе сообраќа и ова лето

„Србија воз“, МЖ Транспорт и „ТРАИНОСЕ“ – Грчките железници се усогласија и ова лето да сообраќа популарниот воз „Хелас експрес“, информира МЖ Транспорт АД Скопје.

- Согласно протоколот „Хелас експрес“ повторно ќе почне да сообраќа на 17 јуни кон Белград, односно 19 јуни годинава кон Солун. Последниот воз што ќе вози е на 3 и 4 септември 2016 година. По овој датум „Хелас експрес“ нема да сообраќа се до крајот на возниот ред 2015 – 2016 година, велат од МЖ Транспорт. 

„Хелас експрес“ и ова лето ќе сообраќа по вообичаената шема од Белград до Гевгелија и обратно со класични патнички вагони, а на релацијата Гевгелија – Солун – Гевгелија патниците ќе бидат превезувани со автобуси на Грчките железници.