Хејли: САД не сакаат војна со Северна Кореја
Постојаната претставничка на САД во ОН, Ники Хејли изјави дека нејзината земја не сака војна со Северна Кореја, нагласувајќи дека Пјонгјанг „се уште не ја преминал онаа точка, од која нема враќање назад“.
- Доколку Северна Кореја се согласи да се откаже од нуклеарната програма, таа може да ја спаси иднината на земјата. Ако докаже дека може да живее во мир, светот ќе живее во мир заедно со неа, истакна Хејли, откако Советот за безбедност на ОН гласаше за нови построги санкции против Северна Кореја.
- Резолуцијата немаше да биде усвоена доколку не беа толку силни врските меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џипинг, додаде таа.
Кинескиот амбасадор во ОН Лиу Џиеји ја повика Северна Кореја да погледне сериозно кон очекувањата и волјата на меѓународната заедница и ги повика сите земји во конфликтот да ја зголемат самокотролата и да не ги зголемуваат тензиите.
Рускиот претставник Василиј Небензија нагласи дека неговата земја ги поддржува новите санкции против Пјонгјанг, бидејќи не ги прифаќа неговите нуклеарни амбиции и смета дека треба категорично да се реагира на последното нуклеарно тестирање.
Тој објасни оти Москва оценува дека мерките за финансиски притисок врз Северна Кореја практично се „исцрпени“, а понатамошните рестрикции би можеле да бидат еднакви на „обидот да се задуши“ економијата на земјата што може да предизвика голема хуманитарна криза.
Небензја изјави дека, игнорирањето на руско-кинескиот предлог за обновување на дијалогот со Северна Кореја, претставува „голема грешка“ на Советот за безбедност, наведувајќи дека усвојувањето на нови санкции наскоро ќе ги погоди невините цивили и нема да го намали финансирањето на нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг.
Тој го повика генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да помогне да се стигне до преговори, а не да се дејстува во санкции.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок