Свет
31. July 2017 - 8:25

Хејли: Нема корист СБ на ОН да заседава за Северна Кореја, ако не преземеме нешто сериозно против неа

Нема потреба од свикување вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Северна Кореја доколку на неа не се постигне суштествен резултат, изјави американската амабасадорка во ОН, Ники Хејли, цитирана од британските медиуми.

„Безсмислена е уште една резолуција на Советот за  безбедност, која нема значително да го засили меѓународниот притисок врз Северна Кореја. Всушност тоа би било полошо од ништо, затоа што на севернокорејскиот диктатор му испраќа порака дека меѓународната заедница нема желба да преземе сериозни активности против него. Кина треба да одлучи дали сака да го преземе овој важен чекор“, изјави Хејли во сооппштение, цитирано од британските медиуми, пренесува БТА.