ХДЗ одлучи кои министри си заминуваат од хрватската Влада
Од Владата на Хрватска си заминуваат министерката за регионален развој и фондови на Европската унија Габриела Жалац, министерот за земјоделство Томислав Толушиќ и министерката за социјална политика Нада Мурганиќ, соопшти ХДЗ после денешниот состанок.
Сменетите министри веќе го напуштиле седиштето на партијата, јавуваат хрватските медиуми.
Премиерот Андреј Пленковиќ во моментов има средба со претставници на коалициските партнери.
Хрватскиот министер за државен имот Горан Мариќ во понеделникот поднесе неотповиклива оставка и рече дека ниту еден ден на местото министер не го поминал во мирни услови.
– Работев во програмирани околности во кои станав цел. Ова е медиумска оркестрација…не сум во состојба да прифатам невидени удар врз достоинството, мирот и интегритетот на моето семејство, рече Мариќ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација