Балкан
22. November 2016 - 14:17

ХДП го прекинува бојкотот на турскиот Парламент

Партијата на турските Курди, Демократска партија на народите (ХДП) од денеска ќе учествува на заседанија на Парламентот на Турција, соопшти партиското раководство.

Со тоа, прекинува бојкотот на турскиот Парламент од страна на ХДП, што започна на почетокот на месецов по апсењето на двајцата копретседатели на партијата.

Турција се најде на критики од страна на меѓународната заедница поради апсењето на неколку членови на ХДП, втората по големина опозициска партија во турскиот Парламент, во рамки на истрага за тероризам.