Џет-Сет
8. January 2019 - 14:12

ХБО објави сцена од новата сезона на „Игра на тронови“

Продукциската куќа ХБО објави сцена од новата сезона од серијата „Игра на тронови“, на три месеци пред премиерата.

Иако видеото трае само неколку секунди, тоа на обожавателите им открива многу. На него, Денерис Таргеријан им приоѓа на Санса Старк и Џон Сноу, при што на Санса ѝ вели дека Винтерфол (земјата на Старк) е повторно нивна.

Содржината на последната, осма сезона се чува во најголема тајност.