Балкан
22. January 2018 - 14:52

Хаварија поради глупост: Деца уринирале во канделабра, предизвикаа пожар

На Фејсбук се појави видео кое настана во околината на едно осново училиште во Црна Гора, а ја покажува незгодата настаната поради беснеењето на учениците.

Имено, како што се наведува, учениците мокреле во отворот од столб со светилка и така предизвикале краток спој.

Како што може да се види од снимката, се распали оган, а во позадината се слушаат гласови и едно момче кое со полушеговит тон вика „Бегајте госпоѓо!“.