Македонија
8. August 2016 - 18:22

Хаварија на СЦ „Кул“ во К.Вода

Многу делови во Скопје беа поплавени од обилните врнежи во саботата. Големи оштетувања од поплавите пријавуваат и жителите на населбата Кисела Вода. 

Менаџерот на Спортскиот центар „Кул Здравје“ - Рац Цветановски ни ги испрати овие фотографии од кои се гледа огромната штета што ја направи надојдената вода.
“Објектот е целосно уништен затоа што каналите во околината не можеа да го издржат количеството на надојдена вода. Се се случи брзо и бевме немоќни да реагираме. Се надеваме  бргу ќе го вратиме објектот во функција , се разбира ќе ни биде помош од сите фактори“- вели Цветановски.
Во продолжение галерија од хаосот во СЦ „Кул Здравје“ кој се наоѓа во склоп на ОУ Круме Кепески во К. Вода.