Свет
11. May 2018 - 9:09

Хаваи бара помош од САД поради земјотресите и вулканските ерупции

Гувернерот на Хаваи, Дејвид Иге побара од претседателот на САД, Доналд Трамп да прогласи состојба на катастрофа на тоа подрачје поради земјотресите и вулканските ерупции.

Иге посочи дека вчера на Хаваи се случила толку голема катастрофа што им е потребна директна федерална помош.

Се прерпоставува дека трошоците за заштита на тамошното население во следните 30 година ќе изнесуваат над 2,9 милиони долари, а може да бидат и поголеми ако се укаже потреба за евакуација од големи размери по воздушен и морски пат.

Евакуацијата на населението почна минатата недела, откако лавата продре од пукнатина во земјата и уништи дваесетина куќи.

Иге предупреди дека постои можност од евакуација од поголеми размери ако се отвори уште една пукнатина, додавајќи оти локалните и државните власти не можат да спроведат масовна евакуација.

Според научниците, вулканот Килауеа наскоро може да исфрли големи камења и пепел.