Хашката пресуда за Караџиќ најавена за во декември
Хашкиот суд би требало во декември годинава да ја изрече првостепената пресуда во судскиот порцес против поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, јави Танјуг повикувајќи се на извори во Прес-службата на Трибуналот.
Истите извори нагалсиле дека точниот датум за изрекивање на пресудата се уште не е одреден, но дека се очекува тоа да биде во декекмври.
Српските власти го уапсија Караџиќ, кој се криеше повеќе години, во јули 2008 година, а една недела подоцна му го предадоа на Хашкиот суд.
Обвинителството на Трибуналот го товари Караџиќ за геноцид. вмешаност во геноцид, ликвидации, убиства, казнувања, депортации, нехумани постапки и други злосторства извршени врз Бошњаци, Хрвати и останати цивили од несрпска националност во Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти