Хашим Тачи не им верува на југословенските и на руските мапи
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово нема да загуби ниту еден метар од својата територија заради демаркацијата на границата со Црна Гора и објасни дека „им верува на мапите на НАТО“', а не „на руските или југословенските мапи“.
- Никој не понуди факти дека Косово ќе загуби територија. Можам да кажам дека имаше погрешни интерпретации, не знам дали беа намерни или ненамерни, рече Тачи во интервју за телевизијата „Рокум“, во пресрет на седницата на косовското собрание на која треба да се ратификува спогодбата за демаркација со Црна Гора.
Тој е уверен дека спогодбата за демаркација ќе биде ратификувана и дека тоа „ ќе го поплочи патот кон либерализација на визниот режим со ЕУ“.
Лидерот на движењето „Самоопределување“ Висар Имери во меѓувреме уште еднаш ги повика членовите на косовското собрание да не гласаат за спогодбата за демаркација и рече дека денешниот протест е најдобрата прилика да и се каже „не“ на косовската Влада, пренесе весникот „Зери“.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово