Македонија
23. February 2021 - 13:07

Хасани ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19

Заменик-министерот за здравство, д-р Илир Хасани ја прими првата доза од фајзеровата вакцина против вирусот Ковид-19. Доби и термин за ревакцинација, 21 ден отсега. По вакцинацијата рече дека се чувствува добро и апелираше граѓаните да се пријават за имунизација за побрзо завршување на епимидемијата од коронавирусот. 

-Текот на вакцинацијата се одвива без ниту една пречка и со планиран ритам. Приближно 1.300 луѓе досега се вакцинирани и сакам да ги охрабрам сите граѓани да го следат мојот пример, а и нашиот пример, на сите здравствени работници и да се вакцинираат. Се надевам дека останатите вакцини ќе стигнат скоро и процесот на имунизација на нашето население ќе се заврши што побрзо и да се вратиме сите во нормала, и нормален живот, рече Хасани. 

Во следните денови се чека пратката од 200.000 дози од кинеската вакцина на „Синофарм“. За руската Спутник Хасани не сакаше да даде повеќе информации бидејќи се уште трае процесот на договор за набавка на оваа вакцина. Во март се очекуваат и помеѓу 20 и 40 илјади дози преку КОВАКС системот.

Денеска во пунктот во модуларната болница се вакцинираа здравствени работници од Тетово, Гостивар, Велес и Прилеп. 

Медицинските уверуваат дека според динамиката и бројот на вакцинирани се рушеле рекорди.

 

Даниел Василев