Хасани: Извршени две операции над 20-годишната девојка, се уште е во критична состојба
Извршени се две хируршки интервенции кај 20-годишната девојка која се здоби со тешки повреди на ногата во автобуската сообраќанка несреќа, но и покрај тоа нејзината состојба е критична, изјави вечерва Илир Хасани, директорот на Ургентниот центар и КАРИЛ при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
-Девојката е во тешка општа состобја, во која беше и пред оперативниот зафат. Составивме тим од трауматолог, абодминален хирург, анестезиолог, пластичен хирург, васкуларен хирург и се одлучи да се преземат две оперативни интервенции за да се спаси нејзинот животот, односно се животоспасувачки интервенции. Оперативната интервенција течеше и се заврши во најдобар ред така како што е планирано. Состојбата на пациентката останува иста, критична со највисоки ризици за нејзиното преживување. Меѓутоа, се прават надчовечки напори за да се спаси нејзиниот живот, изјави Хасани за Канал 5 телевизија.
Тој рече дека на интензивното одделение се вкупно четворица пациенти. Едниот пациент е стабилен и секој момент може да биде префрлен на одделението на Клиниката за трауматологија, додека другите двајца пациенти коишто се со предоминантна торакална повреда, исто така, се, вели, во многу тешка, критична состојба.
-И за нив секој час се консултираме конзилијарно со колегите од торакална хирургија, анестезиологија и трауматологија и секој момент се следи нивната состојба. Меѓутоа, сепак до овој момент таа останува многу критична и животозагрозувачка, вели Хасани.
Ново на Сител
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава