Харков: Ослободени петмина заложници - три жени и две деца
- Киднаперот, кој денеска влезе во пошта во украинскиот град Харков, и држеше во заложништво 11 лица, ослободи петмина од нив, три жени и две деца, информира портпаролот на украинскиот претседател Светослав Цеголко.
- Шефот на украинската служба за безбедност му јави на претседателот Петро Порошенко дека петмина од заложниците во Харков се ослободени. Тоа се три жени и две деца, напиша Цеголко на Твитер.
Руската агенција Интерфакс претходно ја пренесе изјавата на шефот на регионалната полиција на Харков, Олег Бех, кој информира дека еден маж во поштата држи како заложници деветмина возрасни и две деца.
- Неидентификуваниот маж е мирен, не побара никакви услови и е во редовен телефонски контакт со полицијата. Се обидуваме да направиме се што е можно за да ги ослободиме луѓето, рече Бех.
Портпаролот на полицијата Јарослав Тракало за локалната телевизија 112 изјави дека киднаперот најверојатно има експлозив околу себе. - Неговите барања не ни се познати, рече Тракало.
Украинските медиуми јавија дека полицијата го блокирала тој дел од градот и дека таму има 20 полициски возила, пожарникари и Брза помош, како и единици за демонтирање експлозив.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација