-->
-->
Хари Мата Хари го разбесни Балканот - по изјавите за Тома Здравковиќ
-->
Популарниот пејач Хари Мата Хари наводно го оспорува музичкиот квалитет на покојниот Тома Здравковиќ и со тоа го шокираше регионот. Меѓутоа, тој одлучи да открие што стои позади тие изјави.
Имено, поедини медиуми објавиле наводни изјави на Хари Мата Хари и предизвикале бурни реакции во јавноста.
- Тома Здравковиќ не пееше добро, но имаше најдобри песни на сите времиња. Важно е што и како. Најважно е да се најде идентитет. Да се остави печат, наводно ова го рекол Хари.
Меѓутоа, пејачот, како што вели е шокиран поради лажните изјави, тој вели дека неговото мислње за покојниот пејач е сосема поинакво.
- Навистина луѓето си даваат за право да пишат тоа што ќе им падне на памет, никогаш не сум дал изјава за легендарниот Тома Здравковиќ а најмалку дека сум изјавил дека не бил квалитетен пејач. Сите растевме, сакавме, раскинувавме, тагувавме со неговите песни, беше добар пејач, одличен вокал, на многумина им остави аманет што и ден денеска учат од него и ако на жалост не е со нас.Овој пат сакам да ставам точка на сите натписи во врска со спорниот текст бидејќи јас сум почитувач на ликот и делото на Тома Здравковиќ, рекол Хари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка