Кошарка
29. January 2016 - 11:47

Харден резерва на Ол Стар викендот

Тренерите на екипите кои се натпреваруваат во НБА лигата, ги избраа резервите, кои ќе настапат на 14.февруари на Ол Стар натпреварот, помеѓу Источната и Западната конференција, кој ќе се одигра во Торонто.
 
Тренерите имаа можност да понудат седум играчи, со тоа што немаа право да предложат играч од тимот кој го предводат.
 
Доколку играчите останат здрави до 14.февруари, тогач на Ол Стар натпреварот најмногу играчи ќе има актуелниот шампион Голден Стејт. Стеф Кари од страна на навивачите е избран во стартната петорка на Западот, а според тренерите место на Ол Стар натпреварот заслужуваат Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин.
 
Томпсон и минатата година играше на „натпреварот на сите ѕвезди“, додека Грин ќе дебитира на вој меч.
 
Инаку, Голден Стејт, последен пат пред 40 години имал тројца играчи на Ол Стар натпреварот, тоа беа Рик Бери, Фил Смит и Џамал Вилкс.
 
Покрај Томпсон и Грин, резерви кај тимот од Западната конференција ќе бидат Демаркус Казинс (Сакраменто), Џејмс Харден (Хјустон), Ламаркус Олдриџ (Сан Антонио), Крис Пол (ЛА Клиперс) и Ентони Дејвис (Њу Орлеанс).
 
Резерво во тимот на Источната конференција ќе бидат: Демар Дерозан (Торонто), Џими Батлер (Чикаго), Андре Драмонд (Детроит), Крис Бош (Мајами), Џон Вол (Вашингтон), Пол Милсап (Атланта) и Ајзеа Томас (Бостон).
 
Претходно, на 22.јануари, НБА лигата објави дека според гласовите на навовачите во стартните петорки за избрани: Стеф Кари (Голден Стејт), Расел Вестбрук (Оклахома), Кевин Дурент (Оклахома), Коби Брајант (ЛА Лејкерс), Каваи Ленард (Сан Антонио) – Западна конференција, односно Двејн Вејд (Мајами), Кајл Лаури (Торонто), Леброн Џејмс (Кливленд), Пол Џорџ (Индијана), Кармело Ентони (Њујорк), Источна конфернеција.
 
За разлика од изборот на стартните петорки и резервите, малку ‘прашина’ во НБА круговите подигна изборот на тренерите. Вообичаено, тренерите кои ги предводат екипите, кои се лидери во Источната и Западната конференција, одат на Ол Стар мечот.
 
Годинава тоа се Тајрон Лу (Исток) и Грег Попович (Запад). Лу, пред една недела го замени Дејвид Блат на клупата на Кливленд, па многумина сметаа дека Истокот на Ол Стар натпреварот треба да го предводи тренерот на Торонто, Двејн Кејси, чија екипа е втора во Источната конференција.
 
НБА лигата, пак не му дозволи на Лук Волтон да го предводи Западот. Имено, Волтон е првиот асистент на Стив Кер во Голден Стејт, но тој го повредеше тимот во првите 39 натпревари сезоната, бидејќи Кер беше на боледување поради проблемите со грбот.