Loading Video...
Кошарка
14. December 2019 - 15:55

Харден повторни преку 50, Џорџ и Ленард со над 40 поени, Лејкерси и Бакси „газат“ се пред себе

Четири натпревари издвојуваме од синоќешната понуда од НБА лигата. 
 
Новото брилијантно остварување на Џејмс Харден кој пред два дена против Кливленд постигна 55 поени, синоќа во дуелот со Орландо постигна еден помалку. Популарниот „Брада“ реализира 10 тројки и вкупно 54 поени во победата на Хјустон над Орландо со 130-107. 
 
Тандемот на Лос Анџелес Клиперс, Каваи Ленард и Пол Џорџ, остварија клупски рекорд откако двајцата постигнаа над 40 поени во победата на „Клиперски“ над Минесота на гости со 124-117. Пол постигна 46, а Каваи средбата ја заврши со 42  поени.
 
Предводени од Ентони Дејвис со 22 поени и 10 скокови и Леброн Џејмс кој покрај 28-те поени имаше 12 асистенции и 9 скокови, „Лејкерси“’ славеа на гостувањето кај Мајами во неизвесна завршница со 113-110 за шеста победа во низа.
 
Затоа пак „Бакси“ стигнаа дури до 17-тиот триумф во серија совладувајќи го Мемфис на гостински терен со 127-114. И на овој меч Јанис Антетокумпо со учинок од 37 поени и 11 скокови беше прва ѕвезда кај Милвоки.