Кошарка
17. January 2019 - 12:52

Харден броеше до 58, но Хјустон загуби по продолжение

Двата најинтересни натпревари се одиграа во Детроит и Хјустон,каде беа потребни и дополнителни пет минути. 
 
„Пистонси“ по продолжение го победија Орландо со 120-115, а Хјустон загуби од Бруклин со 142-145 иако на овој меч Џејмс Харден постигна 58 поени, откако ден порано против Мемфис реализира 57. 
 
Дербито на вечерта се одигра во Бостон каде „Селктикси“ беа подобри од Торонто со 117-108, а шампионот Голден Стејт се изнамачи да го совлада Њу Орлеанс и тоа со 147-140.
 
На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: Мемфис - Милвоки 101-111, Далас - Сан Антонио 101-105, Портланд - Кливленд 129-112 и  ЛА Клиперс - Јута 109-129.