Балкан
1. February 2017 - 13:23

Харадинај сослушан, одлуката за екстрадиција на 9 февруари

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, кој порано беше обвинет и ослободен од Хашкиот трибунал, денеска е сослушан пред францускиот суд, а рочиштето на кое ќе биде одлучено за неговото евентуално екстрадирање ќе биде одржано в четврток, на 9 февруари, јавија приштински медиуми.

Повикувајќи се на адвокатот на Харадинај, Арианит Коци „Зери“ пишува дека одлуката за евентуално испорачување на Србија ќе биде донесена следната недела, поточно на 9 февруари. 

Харадинај, кој моментално се наоѓа на условна слобода во Франција до одлуката за негово испорачување во Србија изјави вчера дека верува оти Судот следната недела ќе го заврши неговиот случај и ќе му овозможи враќање во Косово.

Харадинај е уапсен на 4 јануари на границата на Швајцарија и Франција по потерница издадена од Србија. 

Истрагата против Харадинај е покрената во 2004 година, судено му е во Хашкиот трибунал за воени злосторства, а во 2012 година е ослободен од сите обвиненија.

Србија го бара Харадинај поради сомнение дека извршил кривични дела, воени злосторства против цивилното население на Косово во текот на 1998 и 1999 година, а станува збор за дела, кои според Белград, не биле предмет  на судењето во Хаг.