Балкан
3. јуни 2017 - 8:40

Харадинај: САД треба да се вклучат во дијалогот меѓу Приштина и Белград

 Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај синоќа изјави дека САД треба да се вклучат во дијалогот меѓу Приштина и Белград.

- Европа не може сама да го реши проблемот без вклучување на САД. Америка мора да се врати во дијалогот меѓу Белград и Приштина, истакна Харадинај за приштинската ТВ КЛАН.

Тој додаде дека не е против дебата со Белград бидејќи дијалогот е „инструмент за прашањата меѓу соседите“.

Харадинај посочи дека нема да прифати нееднаков дијалог, „без реципроцитет“, како и дека со „Србија не може да се разговара за интерни прашања и теми за Косово“.

Харадинај е кандидат за премиер на коалицијата помеѓу Алијанса за иднината на Косово, Демократската партија на Косово и Иницијатива за Косово, а Србија го обвинува за злосторства над српското и неалбанското население за време на војната.