Балкан
23. August 2016 - 17:31

Харадинај: САД ќе го поддржуваат Косово без оглед на гласањето за демаркација

Лидерот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека САД ќе го поддржуваат Косово без оглед на ратификацијата на границата со Црна Гора.

Тој додаде дека е крајно време Косово да ја исправи грешката направена со демаркацијата.

Американскиот потпретседател Џо Бајден за време на неодамнешната посета на Приштина им порача на косовските политички лидери да го ратификуваат договорот за демаркација со Црна Гора и да овозможат формирање на Заедница на српски општини во Косово, а во спротивно Приштина може да ја загуби поддршката од САД.