Балкан
21. May 2018 - 17:37

Харадинај отпатува за Ватикан, ќе се сретне со папата

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај попладнево отпатува во официјална посета на Ватикан, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Извори од кабинетот на премиерот информирале дека Харадинај ќе биде примен на аудиенција кај Папата Франциско, а ќе се сретне и со државниот секретар на Ватикан, Пол Ричард Галахер.