Харадинај му порача на Вучиќ да се однесува европски
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му порача на претседателот на Сербија Александар Вучиќ да ги прифати европските вредности и да ја признае реалноста дека Косово е независна држава, јави дописникот на МИА од Приштина.
Коментарот на Харадинај уследи по денешната изјава на Вучиќ дека, по самитот на лидерите на Западен Балкан во Париз, идниот месец, Србија ќе почне да презема „силни и остри мерки против Косово“.
Косовскиот премиер преку објава на Фејсбук му порача на српскиот претседател да се откаже од ставовите кои ги имал и во минатото и кои „предизвикаа трагедии и болка“.
– Рефлектирај Вучиќ. Време е да ги прифатиш европските вредности, а не да изнесуваш ставови кои си ги изнесувал во минатото, ставови кои предизвикаа трагедии и болка. Државата Косово е држава и на косовските Срби, општество во кое сме заедно. Нам ни треба надеж и Косово е подготвено за спогодба со која ќе се прифати реалноста на две држави, во постоечките граници и со меѓусебно почитување, напиша Храдинај.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари