Харадинај: Косово нема што да им даде повеќе на Србите
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај смета дека Косово му дало на српското малцинство доволно уставни права и нема што да им даде повеќе, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај ја даде изјавата за телевизијата Т7, запрашан да го коментира барањето на српскиот претседател Александар Вучиќ за отстапки од страна на Косово, со цел да се дојде до „решение за нејзиниот конечен статус“.
- Србите на Косово уживаат привилегии кои се создадени посебно за нив, рече Харадинај, оценувајќи дека „не се цени исправно она што Косово го дала за српската заедница“.
Косовскиот премиер зборуваше и за преземените дејствија за трансформација на Безбедносните сили на Косово во војска на Косово.
Тој рече дека го вратил на доработка предлог-законот, затоа што предвидувал уставни измени, за кои е потребно двотретинско мнозинство, кое тој не може да го обезбеди. Харадинај изрази уверување дека ќе успее да ја изведе трансформацијата само со законски измени, на што се противат пратениците Срби, но и меѓународните претсставници во Приштина.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите