Балкан
19. December 2017 - 10:21

Харадинај: Косово ќе го добие тоа што го заслужува

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека имал пријателски разговор со европската претставничка Федерика Могерини на вчерашната средба со балканските премиери.

- Косово ќе го добие тоа што го заслужува, напиша Харадинај на Фејсбук по вчерашната средба.

За време на престојот во Брисел, Харадинај имаше средба со Могерини, со која разговарал за процесите низ кои поминува Косово, јави косовската телевизија РТК.