Харадинај и Рама се премиери со највисоки плати во регионот
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај има највисока плата споредено со личните доходи на неговите колеги во регионот.
- Косово е единствена земја во Западен Балкан која и понатаму е изолирана. Независно од тоа, Рамуш Харадинај е премиер со највисока месечна плата, споредено со колегите од регионот, констатира порталот Албеу во написот под наслов „Срам: Рама и Харадинај со највисоки плати во регионот“.
Според порталот, врз основа на одлука на Владата на Косово, потпишана од самиот Харадинај, а донесена пред два дена, неговата месечна плата од овој месец изнесува 2.950 евра.
Се потсетува и дека Харадинај, кога првпат беше избран за премиер во 2005 година, својата и платите на вицепремиерите и министрите ја зголемил за 70 отсто.
- Албанскиот премиер Еди Рама има плата од 1.700 евра. Четиристотини евра пониска плата од неговата има македонскиот премиер Зоран Заев, црногорскиот Душко Марковиќ има 1.130 евра, додека најниска плата има српската премиерка Ана Брнабиќ со заработувачка од 1.000 евра, наведува порталот
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација