Балкан
11. July 2017 - 8:27

Харадинај е убеден дека Косово на крајот на јули ќе има нова влада

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај,номиниран за премиер од редовите на победничката коалиција ПАН, (Демократската партија-Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово),изјави дека во последната недела од јули ќе биде формирана новата влада на Косово.

Харадинај за РТВ Дукаѓини изјави дека на земјата не треба да и се повтори 2014 година,времето кога,според него,имало „блокади на институциите  и кога како резултат на тоа над 100 илјади граѓани го напуштија Косово“.

- Јас велам дека Косово ќе има влада во рекорден временски рок. На средбата, ги поканив  Движењето „Самоопределување“, Демократскиот сојуз на Косово, Листа српска и пратениците од немнозинскте етнички заедници,кои планирам да бидат дел  во извршната -посочи Харадинај.

Претседателот на Косово,Хашим Тачи,претходно изјави дека целосно ќе го почитува Уставот и одлуката на Уставниот суд од 2014 за определување мандатар за формирање нова влада.

- Имам уставна обврска,јас ќе ја почитувам волјата на граѓаните на Косово,но пред се ќе го почитувам мојот уставен и законски мандат и се ќе оди според планраната агенда и законските рамки.Не може да зборувам за денови или недели,но сум убеден дека ќе биде во еден регуларен и рекорден рок,-изјави Тачи.

Тој е оптимист дека  институциите на Косово ќе бидат конституирани во рекорден рок.