Харадинај до Путин: Русија е таа што го дестабилизира Балканот, не Америка
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му одговори на рускиот претседател Владимир Путин, кој за српските медиуми изјави дека САД се дестабилизирачки фактор на Балканот, порачувајќи дека токму Русија е таа која со својата политика му нанесува штети на регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според Харадинај, што поголемото присуство на САД на Балканот значи повеќе мир, стабилност и развој, додека руското присуство го има спротивниот ефект.
– На изјавите на претседателот на Русија, Владимир Путин, дека политиките на САД и западните сојузници се дестабилизирачки фактор на Балканот, ќе одговорам дека Америка и НАТО на Балканот подразбира повеќе мир, стабилност и развој. Активното руско присуство на Балканот го подразбира токму спротивното. Косово доаѓа во мир, напиша Харадинај на својата страница на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња